Почнува пролетта

Од:

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15.46 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.

Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Би можело да ве интересира

Нема веќе вадење пасоши без закажување, денеска последен ден во полициската станица „Пролет“

Пролетта со натпросечна температура, повеќе дожд на истокот

Ана Ололовска

Почнува пролетта

Ана Ололовска

Скопјани се жалат на остар мирис од хемикалии во воздухот вечерва

Кристијан Ландов

На Денот на пролетта во Македонија ќе се засадуваат рози

Емир Латифовиќ