Почнува глобална мултирелигиска иницијатива против Ковид-19 „Верата во акција“

Од:

Религиите за мир и Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), ги здружија силите заради започнување на глобална мултирелигиска иницијатива против Ковид-19 „Верата во акција“, со цел да се подигне свеста околу ефектите од оваа пандемија врз најмладите граѓани на светот.

– Пандемијата на Ковид-19 претставува невиден глобален предизвик, засегајќи ја секоја заедница во секоја држава на светот. Таа предизвикува запирање на системите за работа, образование, финансии и домашен живот, погаѓајки го речиси секој аспект од животот на луѓето. Децата се соочени со низа предизвици за нивното здравје и безбедност: затворени училишта, голем емотивен стрес, повисок ризик од насилство и поголема несигурност за храна. Исто така, сведоци сме и на пораснатиот број сирачиња и појавата на други болести поради прекинот на услугите за вакцинација. А ја гледаме и растечката потреба од финансиско-материјална поддршка за домаќинствата кои се најтешко погодени од загубата на приходи и притисокот поради тоа, се истакнува во заедничката изјава на УНИЦЕФ и Религии за мир.

Иницијативата ќе ја координира Глобалното партнерство за вера и позитивни промени за децата, семејствата и заедниците, каде спаѓаат меѓурелигиските совети на Религиите за мир, вклучувајќи високи лидери на светските верски и духовни традиции – Бахаизам, Будизам, Христијанство, Хиндуизам, Ислам, Џаинизам, Еврејство, Сикизам, Зороастризам и духовната традиција на домородните народи. Тука влегуваат и меѓуверските младински и женски мрежи, во соработка со Иницијативата на локалните верски заедници за заедничко учење, со членство во меѓународни верски организации.

– Ова глобално партнерство се обврзува да ја зајакне мултирелигиската акција и мобилизација на заедниците во борбата против пандемијата на Ковид-19, потенцираат иницијаторите.

Глобалната мултирелигиска иницијатива против Ковид-19 „Верата во акција“ ги повикува сите заедници во светот, заедно со владите, субјектите на ОН, како и низата граѓански организации, да ги здружат силите во насока на адаптација на верските собири, обреди и служби во согласност со Изјавата на Религиите за мир и упатството на СЗО за масовни верски собири, погреби и обреди, со цел почитување на насоките на меѓународните и националните здравствени власти во врска со јавните собири, физичкото дистанцирање заради здравјето и безбедноста на верските следбеници, развивајќи алтернативни пасторски пристапи.

Освен адаптирање на обредите, иницијаторите повикуваат на унапредување на хигиената и хигиенските услови во согласност со верските учења и свети текстови, кои ја потенцираат чистотата како елемент на светост.

УНИЦЕФ и Религиите за мир повикуваат во борба против сите форми на стигма и дискриминација во врска со пренесувањето на болеста, преку активна промоција на ставови и однесувања за поддршка на достоинството и правата на сите луѓе.

Иницијаторите апелираат да се обезбеди активно вклучување на мрежите на верските заедници, заедно со верските здруженија на жени и млади, во соработка со локалните структури на управување, заради обезбедување организирани волонтерски услуги при духовно-емоционалната грижа и поддршка за родителите, децата, постарите лица и оние кои минуваат низ нарушеност и страдање, со цел да се обезбеди извор на поддршка, мир, утеха и надеж, се вели во заедничката изјава на УНИЦЕФ и Религии за мир.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата

А1он

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он