Почнаа обуки за патронажни сестри за деца со попреченост

Од:

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки со поддршка на Здравствениот дом Скопје и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), почна со серија на обуки за патронажни сестри на тема „Рана детекција и рана интервенција на деца со развојни тешкотии и поддршка на нивните семејства“.

Сеопфатната програма за обука, соопшти УНИЦЕФ, го користи принципот „патронажни сестри обучуваат партонажни сестри“, изготвен од страна на Здружението, под водство на Алстер Универзитетот.

Средното ниво на попреченост или заостанување во развојот, како што се наведува, не се идентификуваат додека детето не дојде на училишна возраст. Со оваа иницијатива, патронажните сестри ќе бидат подобро подготвени за да го следат општиот развој на новореденчињата и на малите деца; да ги препознаат знаците на развојни потешкотии; и да обезбедат поддршка на родителите и семејствата.

Во обуката се вклучени и родители на деца со попреченост. Родители од невладините организации „Даун синдром Центар“, „Порака“ и „Раст“ се дел од обуката за да им предочат на патронажните сестри на многуте предизвици и потреби на родителите со деца со развојни тешкотии. Обуката се спроведува низ каскаден модел. Се предвидува дека сите патронажни сестри ќе бидат обучени во текот на една година. Обуките ќе ги спроведува тим на патронажни сестри кои беа активно вклучени во развој на програмата за обука, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот