Почнаа да работат пазарите во Куманово

Од:

Двата пазара во Куманово денеска почнаа да работат, информираа од јавното претпријатие „Пазаришта“. Тие се лоцирани на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ и ќе работат од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

-После секој работен ден пазарите ќе се дезинфицираат. Остануваат сите препораки на Владата, Министерството за здравство и на Кризниот штаб на Куманово. Задолжителни се маски, ракавици, дезинфекциски средства, дистанца од два метра, изјави Илир Саити, директор на претпријатието.

Од ЈП „Пазаришта“ се подготвуваат и за отворање на добиточниот пазар во село Којнаре кој традиционално работи во сабота. Таму ќе се следат сите насоки од Владата и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кризниот штаб вчера информираше дека претпријатието побарало отворање на пазарите, по што и препорача на општината да почне со работа реонскиот и зелениот пазар и да се почитуваат сите мерки за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски