Почна втора фаза од изградбата на инфраструктурата на две улици во Хиподром

Од:

Во општина Гази Баба почна втората фаза од изградбата на инфраструктурата на улица Никола Киров Мајски и улицата 5 во населбата Хиподром. Почетокот на изградбата го означија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

На новотрасираните улици ќе се постави водоводна, фекална и атмосферска мрежа, улиците ќе се асфалтираат и ќе се формираат тротоари, на должина од 600 метри.

– Поставувањето на новата инфраструктура на улицата Никола Киров Мајски и улицата 5 ќе овозможи развој на новата населба Хиподром 2, што е во фаза на изградба. За овој капитален проект ќе се вложат околу 28,6 милиони денари, од кои 18 милиони денари се од Град Скопје, а останатите ќе ги издвои Општина Гази Баба. Последниве години се поголем број граѓани пројавуваат интерес да живеат во индивидуални куќи, а оваа населба е многу атрактивна. Градот Скопје размислува и подготвува документација за оформување влез и излез од оваа населба со што ќе се подобрат сообраќајните врски за ова населено место, рече градоначалникот Коце Трајановски.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, објасни дека за населбата Хиподром 2 веќе е донесен Детален урбанистички план, со 12 згради и 300 куќи.
– Интересот кај граѓаните за оваа нова населба е голем. Веќе се откупени 75 парцели. Во наредниот период интензивно ќе работиме на поставување на потребната инфраструктура за да ги задоволиме потребите на граѓаните, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

Возачите минуваат на среќа: 26 дена нема сигнализација на најфрекфентниот железничкиот премин во Хиподром

Орце Костов

Пренасочен сообраќајот кај клучката Хиподром, се врши увид во сообраќајка

А1он