Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Од:

Планинари на ПК „Ентузијаст“ од Струмица денеска по 21. пат тргнаа на традиционалниот планинарски марш во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.

Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија свежо цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит.

-Патот е долг околу 200 километри кој ќе го поминеме во неколку етапи и в понеделник на 26 февруари, на денот на загинувањето на претседателот Трајковски, на неговиот гроб во Скопје ќе положиме цвеќе, рече Андон Спасов, претседател на ПК „Ентузијаст“ од Струмица.

Планинарот Александар Катранџиев од Струмица досега неколку години учествува на маршевите.

-Одам во чест на покојниот претседател Борис Трајковски. Тој беше наш сограѓанин, прерано и трагично загина и затоа решив овие неколку години да бидам учесник на маршот. Јас сум еден од најмладите учесници и се надевам дека во наредните години ќе ни се приклучат и други помлади учесници за да може маршот да опстане уште многу години, рече Катранџиев.

Освен до Скопје, планинарите во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворицата астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА ја напуштија Земјината орбита

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ