Почна седницата на ЦО на СДСМ, вечерва официјално ќе бидат соопштени имињата на министрите

Од:

Кој ќе биде дел од новата влада, кому ќе му бидат доверени клучните позиции и како ќе се распределат ресорите, официјално ќе се знае по вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ која почна нешто пред 21:00 часот, а се одржува во скопскиот хотел „Холидеј Ин“.

ДУИ веќе излезе со информации за своите кадри. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, Фатмир Бесими ќе раководи со ресорот финансии, Крешник Бектеши останува прв човек на економија, а министер за животна средина ќе биде Насер Нуредини. Ова го соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети по состанокот на Централниот совет на партијата што се одржа попладнево во Тетово.

Останува, како што изјави Ахмети, со коалициските партнери да се договорат уште за министер во Министертвото за информатичко општество, а утре ќе биде избран претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Извесно е и дека со ресорот земјоделство ќе раководи Беса, но кој ќе ја извршува министерската функција партијата ќе соопшти по состанокот на Централниот совет што се одржува вечерва. Како што изјави лидерот на БЕСА, Билал Касами по денешната средба на претседателите на партиите од коалицијата „Можеме“ со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, БЕСА ќе биде дел и од другите ешалони на власта. Ќе добие заменици министри и директори на институции.

Доцна попладнево партнерите од коалицијата „Можеме“ му дадоа „целосна поддршка“ на договорот за коалицирање на СДСМ со ДУИ, како и на вредностите и принципите кои произлегуваат од него во насока на брза трансформација на државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер