Почна релазиацијата на проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“

Од:

Потребите за лична асистенција на лицата со посебни потреби и телесна попреченост, денеска во Струмица ги искажаа 22 лица кои беа дел од првата обука од проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученсот“.

-Обуката понуди можност за добивање целосна и јасна слика за личната асистенција и за вклученоста, одговорностите и задачите на сите засегнати актери. Дополнително, обуката делува во насока и на зајакнување на капацитетите на лицата со попреченост, во контекстот на социјалниот модел на третирање на попреченоста и во духот на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, информираат организаторите во сооптението до јавност.

Личната асистенција е еден од начините за обезбедување на поголема социјална инклузија, како и подобрување на секојдневното живеење и на квалитетот на животот воопшто за лицата со телесен инвалидитет.

За таа цел, ќе се одржат уште девет обуки во уште седум плански региони, во соработка со 10 Здруженија на граѓани кои ќе имаат и улога на сервисни служби, а на кои ќе учествуваат лица инволвирани во личната асистенција, лица со телесна попреченост, лични асистенти, претставници на Агенцијата за вработување, на локалната самоуправа, Центрите за социјална работа и граѓанските организации кои работат со оваа целна група.

Претставниците на целните групи ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини за личната асистенција, како значајна услуга за лицата со попреченост, и за можностите за нејзино имплементирање и пилотирање.

По завршувањето на обуките започнува и пилотирањето на концептот на личен асистент, кое е планирано да трае во период од два месеца и кое треба да даде поцелосна слика не само за бенефитите од личната асистенција за лицата со попреченост и за општеството, туку и да препорача модели кои функционираат во локален контекст.

Домаќин на денешниот настан, беше Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност од Струмица, а целиот проект е финансиран од Европската Унија- Инструмент за претпристапна помош (ИПА) во рамки на Оперативната програма за Развој на човечки ресурси 2007-2013, договор потпишан меѓу Министерството за финансии- Сектор за централно финансирање и склучување договори, а како главен корисник се јавува Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица