Почна реконструкцијата на надвозникот во кумановската населба Крапош

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска изврши увид во реализацијата на проектот за изградба на конструкцијата на надвозникот на улицата „100“ во населбата Карпош.

Проектот е дел од развојната програма на општина Куманово и е во вредност од 9,5 милиони денари. Се реализира на барање на родителите на децата кои следат настава во основното училиште „Магдалена Антова“ бидејќи досега на мостот немаше тротоари.

– Тендерската постапка е завршена на почетокот на годинава и е дел од развојната програма на општина Куманово. Пред неколку дена почнаа подготвителните работи, а сега се отпочнува со бетонирање, поставување темели за проширување на мостот, нова конструкција на мостот, проширување на тротарите и изградба на патна инфраструктура во должина од 250 метри, изјави Дамјановски.

Тој најави дека ќе се прошири и коритото на суводолицата под надвозникот со што, како што рече, ќе се обезбеди поголема заштита од излевање при поројни дождови, а ќе се постават и решетки за собирање на атмосферската вода по должина на улицата, која е главна сообраќајница во оваа кумановска населба.

Дамјановски информира дека ќе се реконструира и улицата во должина од 250 метри. Проектот се очекува да заврши за два ипол месеци, пред почетокот на учебната година.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе