Почна новото судење за „Дива населба“

Од:

Ново судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“, почна денеска во големата сала на Врховниот суд.

Целата постапка стартува одново откако судот на почетокот на април донесе одлука „Дива населба“ да се спои со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.

Како и на претходното судење, сите обвинети и денеска ги отфрлија обвинувањата односно негираа дека се терористи, а како невини се изјаснија и уапсените во акцијата „Молња“.

Според Обвинителството, обвинетите се виновни за делата за кои се товарат, а прибавените докази неоспорно укажуваат дека голем дел од обвинетите се познавале и имале континуирани контакти. Обвинетите биле идентификлувани со криминалистичко вештачење, односно со совпаѓање на материјалните докази најдени на самото место.

Адвокатите на обвинетите, пак, го оспоруваат вештачењето со образложение дека го направило МВР, истиот орган што ги тужи обвинетите. Бараат тоа да го направи независна институција.

Судењето за „Дива населба“ се одржува во големата сала на Врховниот суд, бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.

Судењето претходно беше два пати одложувано, на 31 мај бидејќи судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на адвокатите на обвинетите во процесот да влезат во салата, и на 27 мај поради болест на судијката Верка Петковска.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски