Почна минирањето на локацијата за изградба на браната Отиња во Штип

Од:

Почна минирањето на теренот на браната Отиња. Целта е да се изгради пред крајниот рок, објави на својот фејсбук профил министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов биле на терен. Бочварски посочува дека браната на река Отиња станува реалност.

Штипскиот градоначалник, Николов вели дека токму од денеска почна минирањето со цел да се направи простор за да се реализира деценискиот сон на штипјани.

-Градежните работни со силно темпо ја отпочнуваат градбата на брана на левата притока на Брегалница. Браната Отиња е еден од најголемите и најзначајни капитални проекти вреден пет милиони евра, обезбедени од Владата на Република Северна Македонија. Штип добива брана со корисен волумен од три милиони метри кубни вода и опфат од 120 хектари и градот ќе има сигурна заштита од поплави. Со изградбата на Отиња, дополнително, населбите Суитлак и Блок 2.000 ќе се поврзат со улица што ќе поминува по круната на браната, вели Николов.

Посочува дека браната Отиња ќе отвори нова можност за економски развој и напредок на Штип и регионот, а градот ќе добие и ново место за спорт и рекреација што ќе се огледува во водното огледало со заштитни зони од 50 метри.

Би можело да ве интересира

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски