Почна лидерската средба, коронавирусот главна тема на разговор

Од:

Во Владата почна лидерската средба на која присутни се првите луѓе на сите политички партии, Али Ахмети од ДУИ, Биљал Касами од Беса, Зоран Заев од СДСМ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Зијадин Села од Алијансата на Албанците.

На средбата ќе се разговара за актуелната состојба со коронавирусот и ќе бидат презентирани серија мерки што ги донесе Владата за справување со ситуацијата.

Не е исклучена ниту можноста да се разговара и за текот на изборната кампања во вакви услови, кога Владата донесе серија радикални мерки и забрана за било какви собири, без разлика на бројката на лица.

Претходно, речиси сите лидери на политичките партии се изјаснија дека изборите не треба да се одложат поради коронавирусот.

По завршувањето на средбата изјава за медиумите ќе даде техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата