(ВИДЕО) Заев: Во 21 век не смееме да оставиме ниту едно село во Македонија без вода за пиење!

Од:

Започна изградбата на пречистителна станица за вода за пиење за регионален водоснабдителен систем во општина Липково, изградба на резервоар и цевковод во должина од 570 метри до Липково. Премиерот Зоран Заев, со министрите за транспорт и врски, Горан Сугарески и за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи извршија увид во градежните активности. Проектот чини 84 милиони денари, од кои ,75 милиони се обезбедени од Владата на Р.Македонија, преку кредитната линија на Европска Инвестициона Банка, а девет милиони од општината.

– Ова се вистински проблеми што Македонија треба да ги решава. Дојдени сме овде на почетокот на изградбата на филтер станицата и доводниот цевковод. Ова е само почеток на водоснабдувањето на Липково се работи за вода за пиење. Во 21. век не смееме да оставиме ниту едно село, ниту едно детенце во Македонија да остане без вода за пиење, изјави премиерот Заев.

Проектот го оцени како суштински и изрази уверување дека со брзо темпо, со ефикасни постапки ќе се пуштат цевките насекаде во Липково.

Тој најави дека преку ресорните министерства ќе се следи проектот и најави имплементација на вакви проекти во иднина.

Министерот за транспорт и врски Сугарески рече дека Владата и Министерството се силно посветени на изграба на водоводи, канализациски системи, пречистителни станици, цевководи и потсети на новиот проект што веќе е отпочнат со барање на средства за обезбедување изградба и реконструкција на локални патишта.

– Со отпочнување на овој проект ќе се отвори простор да се надоврзат сите 22 населени места во општината и паралелно ќе се гради цевководод во должина од 570 метра до општина Липково, изјави Сугарески.

Тој рече дека со дополнителните средства што ќе бидат обезбедени од ЕИБ компленто ќе се продолжи со изградба на сите краци со кои ќе бидат поврзани населените места.

И Сугарески апелираше до градоначалниците да подготват проекти од комуналната инфраструктура и да ги достават до министерствата.

– Само на тој начин она ниското ниво на инвестици кое во изминатиот период го имаше во Р. Македонија, ќе можеме да го зголемиме за брз период, оваа и наредната година, изјави Сугарески.

Тој информираше дека од мај се склучени 20 договори за изградба на одоводи и канализации, потсети дека во моментов има тендери за седум општини и изрази очекувањее дека ќе има зголемување на проектите до крајот на годината.

„Согласно на оние средства 170 милиони евра кои што претходно беа најавени, ние очекуваме дека оваа и наредната година огромен број на комунални проблеми преку изградба на комунална инфраструктура ќе бидат решени“-рече Сугаревски.

Со решавањето на овие проблеми, додаде бенефит ќе имаат граѓаните.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку рече дека со овој проект се исправа неправдата кон жителите на Липково, кои преку реализација на проектот ќе ја користат водата кшто ја создала природата. Дураки повика граѓаните да имаат довреба во Владата, бидејќи ја води држвата во вистинска насока и повика сите да гласаат за членство во НАТО и ЕУ.

Градоначалникот на Липково Еркан Арифи истакна дека ова е значаен ден за Липково, бидејќи започнува изградбата на капитален проект со кој ќе се реши водоснадбувањето и ќе се обезбеди вода за пиење. Арифи изрази уверување дека проектот ќе се заокружи со дополнителни обезбедени средства во вредност од 8 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари