Лизгање на земјиште на влезот во Липково

Од:

Кризниот штаб на општина Липково, бара итна реакција на надлежните институции за увид за лизгање на земјиштето во месноста „Кисела Вода“, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Барањата за увид и реакција се упатени до Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, „Македонија пат“ и полициската станица Матечје.

Кризниот штаб бара институциите да излезат на терен и да извршат увид во непосредна близина на мелницата и регионалниот пат кон влезот во село Липково.

Од РЦУК Куманово пренесуваат информација на „Македонија пат“ Куманово кои укажале дека стручни лица од Gрадежен факултет треба да го испитаат земјиштето за понатамошно решевање и интервенција во село Липково.

Би можело да ве интересира

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Исчезна жена од Липково, започната е голема потрага

Горан Наумовски

Уапсени седум лица, претреси во Липково, Куманово и Желино

Предраг Петровиќ

Минчев бара ДИП да изврши вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од село Липково

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица