Починаа две родилки од коронавирус, едно од бебињата се бори за живот

Од:

Две родилки, една од Скопје и една од Делчево починаа, откако биле породени, па хоспитализирани. Родилката од Делчево била на возраст од 33 години, додека родилката од Скопје имала 32 години. Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника, Викторија Јовановска за „А1он“ вели дека се чувствуваат поразено, како тие, така и персоналот од КАРИЛ и градската општа болница „8 септември“ каде родилките се бореле за живот, бидејќи не успеале да ги спасат. Двете родилки биле позитивни на коронавирусот.

„Две родилки се починати, но не на нашата клиника. Едната родилка е 33-годишна од Делчево и е породена со царски рез, термински. Таа роди здраво машко бебе кое е испишано дома. На денот на хоспитализација, 9 март дојде со негативен ПЦР тест кој го направила во Делчево. На 10 март добивме позитивни резултати со антигенски рапид-тест, направен кај нас. Породена е на 11 март и поради влошување на состојбата е препратена на лекување во 8 септември“, вели директорката Јовановска за „А1он“.

За починатата родилка од Скопје, Јованова вели дека е донесена од Инфективната клиника, а за живот се бори и бебето.

„Втората родилка е 32-годишна скопјанка. Породена е пред терминот со царски рез. Жената е донесена од Инфективна клиника за да се заврши бременоста на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради лошата клиничка состојба е препратена на КАРИЛ. Предвременото родено женско бебе се уште е на интензивна нега и е се уште респираторно зависно, во критична состојба. Малку е постабилизирано, но се уште критична состојба“, додава Јовановска за „А1он“.

Директорката на ГАК вели дека направиле се што можеле, а се чувствуваат поразено заедно со колегите од КАРИЛ и „8 септември“ бидејќи не успеале да ги спасат животите на двете млади жени.

„Се направи се. Целиот персонал даде се од себе, од КАРИЛ одеа во „8 септември“, помагаа. Имавме голема желба овие жени да се извлечат, многу млади родилки, верувавме дека ќе успееме“, додава Јовановска.

Би можело да ве интересира

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК