Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство

Од:

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство.

Како што информира Јавното обвинителство, Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на Правниот факултет во Скопје дипломира во 1976 година. По дипломирањето работел во Судот во Тетово, каде напредува до судиска функција, а потоа ја вршел и функцијата секретар во тетовската општина.

Од 1991 до 1993 година ја извршува функцијата на заменик на општинскиот јавен обвинител во Тетово. По неколкугодишна адвокатска кариера, во Обвинителството се враќа на 10.04.2003 година кога Собранието го избира за заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија, додека од 14.4.2009 година е избран за јавен обвинител во републичкото обвинителство без ограничување на траење на мандатот. Оваа функција ја врши до пензионирањето во 2018 година.

Извесен период Гавровски беше и член на Комисијата за помилување на претседателот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Нов потрес во Украина: НАБУ ја претресува канцеларијата на генералниот обвинител Кравченко

Горан Наумовски

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Почина Исмаил Боја, почесниот претседател на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед