Почина премрзнатиот овчар што беше со часови на раце носен до болница

Од:

Овчарот кој беше најден премрзнат во кратовско, починал утрово во штипската болница.

Информацијата за А1 он ја потврдија од болницата. Пациентот бил лекуван со конзервативна терапија и починал како последица на компликации од крварење во мозокот.

„Веројатно пациентот имал излив и како последица на тоа паднал во бездната и бил неподвижен и се здобил со смрзнатини“, ни одговорија од болницата,

Јавноста за овој случај дозна од реакцијата на докторот Павле Зафиров кој револтиран од институциите, ја раскажа голготата низ која поминале со овој пациент.

Откако возилото на брзата помош не можело да се пробие из стрмниот терен, четвороца на раце околу пет часа го носеле пациентот низ козји патеки до Штипската болница.

Како што напиша докторот Зафиров, инстутуциите до кои се обратиле за помош да испратат возило, не им одговориле на повикот.
Од Центарот за управување со кризи, вчера изјавија дека од нив не бил побаран хеликоптер и затоа не помогнале.

Би можело да ве интересира

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Почина Исмаил Боја, почесниот претседател на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски

Катерина Ѓуровски