Почина поранешниот митрополит Горазд

Од:

По долго боледување утрово почина поранешниот владика Горазд, првиот митрополит на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

МПЦ-ОА соопшти дека вечното почивалиште на митрополитот ќе биде во манастирот „Св. пророк Илија“ во Чардак, а од 9 часот ќе се отслужат Заупокоена литургија и Опело во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Митрополитот Горазд, со крштено име Богољуб Димитровски, е роден на 21 септември 1936 година во кумановското село Стрезовци. Основно образование завршил во родното место, а потоа завршил Богословија во манастирот Раковица кај Белград. Во 1964 дипломирал на Богословскиот факултет на Белградскиот универзитет. По дипломирањето дошол во Скопје и извесно време работел како службеник во Македонската архиепископија.

По ракополагањето во презвитерски чин, бил поставен за парохиски свештеник при храмот „Света Петка“, а подоцна и во храмот „Свети великомаченик Георгиј” во скопски Чаир.

Откако станал вдовец, бил замонашен во манастирот „Свети великомаченик Георгиј” во Криви Дол, Скопје, добивајќи го името Горазд, по еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј. На 26 јули 1977 година бил хиротонисан за викарен епископ на архиепископот Доситеј, со титула Епископ тивериополски.

Извесен период бил митрополит струмички, а во 1994 година востоличен за прв митрополит на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од активната архијерејска служба се повлече во 2006 година.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски