Почина мајката на Катица Јанева

Од:

Утрово во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдија извори блиски до семејството.

Обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата,  кажа дека тоа нема да влијае врз барањето за притвор до судот за обвинителката во оставка.

Катица Јанева беше уапсена попладнево во куќата во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.

Обвинителот Јовески соопшти дека дека доставиле предлог за нејзин притвор. Извори од обвинителството потврдуваат дека би дале согласност за Јанева со полициска придружба да биде присутна на погребот на нејзината мајка.

Таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и воластуваање во предметот „Рекет“.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов