Почина маестро Александар Џамбазов

Од:

Маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор, почина на 85-годишна возраст. За неговата смрт преку социјалните мрежи извести неговиот син, актерот и шоумен Игор Џамбазов.

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, напиша Игор.

Александар Џамбазов e роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство и е добитник на голем број стручни награди.

Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје.

Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др.

Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Тој беше оженет со актерката Анче Џамбазова која почина во 1997 година.

Би можело да ве интересира

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Катерина Ѓуровски