Со огромно жалење и неверување ја примив веста дека денес не напушти Асс. Д-р Горан Беговиќ dr. sci.-субспецијалист, хирург и Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија, објави Ивица Апостолов, претседателот на Здружението на медицински лаборанти на клиниките.
„Како вработен во Клинички центар, денешната смрт на др.Беговиќ ме остава збунет, во болка и во неверување, но сигурен сум дека се она што го направи како човек и Претседател за ССКЦ, др.Беговиќ засекогаш ќе биде дел од срцето на Синдикатот на Клинички и никогаш нема да биде дел од некое минато време, туку дел од сите нас кои сме членови во Синдикатот.
За оние кои го познаваа, останува празнина во душата и како верен колега, пријател и човек со работата во ССКЦ и тоа во време кога ни беше најпотребен, но за жал денес остануваме без неговата безрезервна љубов и поддршка, без неговата емотивност и грижливост за сите колеги во Синдикатот на Клинички, но и во овие тешки моменти како членови на ССКЦ ние мораме да продолжиме по неговиот пат.
Изразувам длабоко и искрено сочувство до неговото семејство за големата загуба и нека му е Вечна слава на др.Беговиќ!“, напиша Апостолов.