Почесно членство на МААА за амбасадорот Бејли

Од:

Вчера во Скопје во новата зграда на Македонската филхармонија се одржа големиот добротворен концерт „One night in America“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари.

Беа изведени популарни композиции на американскиот поп и џез од Френк Синатра до Ела Фицџералд. Концертот го организираше Македонско – американската алумни асоцијација (МААА).

Во рамките на концертот му беше доделено почесно членство на МААА на амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли за неговиот придонес во подобрувањето на разбирањето помеѓу народот на Македонија и САД.

Годишната награда на МААА ѝ беше доделена на д-р Лела Јаковлеска. Наградите ги врачи претседателот на МААА, проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорот Бејли на проштална средба со премиерот Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бејли: Најмногу ќе ми фалат луѓето, најмалку загадениот воздух

Ана Ололовска

Османи до Бејли: Оставивте неизбришлива трага во успехот и напредокот на земјава

Ана Ололовска

Бејли по заминувањето од Скопје во март ќе се пензионира од дипломатската работа

Наум Локоски

(ВИДЕО) Бејли: Македонија донесе историска одлука, САД ја поздравуваат одлуката на пратениците

Наум Локоски

Бејли: Каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна

Наум Локоски