Побегнатиот терорист Османи: Во Куманово се боревме за албанска држава во Македонија

Од:

Сулејман Османи, терористот кој ѝ избегал на полицијата еден ден по акцијата во Куманово, во интервју за косовската телевизија РТК изјавил дека целта на групата била создавање албанска држава во Македонија, по принципот на Република Српска во Босна и Херцеговина, пренесува „Б92“.

Според него, групата броела повеќе од 2.000 борци. Тој ги негирал тврдењата дека групата имала материјални цели, односно дека не била платена за да предзвика безбедносна криза, пренел порталот „Албеу“.

Како што пренесува „Б92“, Османи за РТК рекол дека групата во кумановското Диво Насеље не се предала оти ѝ снемало муниција туку поради тоа што еден од нив разговарал со некого по телефон, кој му рекол дека во населбата има претставници на ОБСЕ.

– Мислевме дека ќе нè преземе ОБСЕ, а не полицијата. Да знаевме дека ќе биде така, немаше да се предадеме туку ќе се боревме сите до смрт – рекол Османи.

По апсењето тој бил принуден да го покаже местото каде било сокриено оружјето украдено од караулата Гошинце, од каде успеал да ѝ побегне на полицијата.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски