Побарано враќање на македонските топоними во Мала Преспа

Од:

Албанската законодавна парламентарна комисија на вчерашната попладневна седница, со гласовите на пратениците од владеjачкото мнозинство го усвои Предлог-законот за враќање на автентичните топоними на населените места во Мала Преспа.

Законот го предложи пратеникот од владејачката Демаократска партија на Албанија, Едмонд Спахо и тоа е нгов втор обид да ги врати автентичните топоними во Мала Преспа, албанизирани во седумдесеттите години од минатиот век, од страна на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.

Против овој предлог биле членовите на комисијата од опозициската Социјалистичка партија за кои донесувањето на овој закон би бил преседан.

Пратеникот и поранешен албански премиер, социјалистот Башким Фино, смета дека на крај од мандатот не може да се усвјува закон за промена на топони и оти ваков предлог може да се претвори во локален реферндум.

Ваквите тврдења на Фино, Спахо ги отфрлил.

За усвојување на предлог законот за враќање на автентичните топоними потребно е двотретинско мнозинство, што значи дека за него треба да гласаат и пратеници од социјалистичката пратеничка група. Се очекува предлогот да биде на првата наредна седница на албанскиот парламент, закажана за в четврток.

Прв обид за оваа цел Спахо имаше во 2009 година. Предлог–законот требаше да се изгласа на последната седница на тогашниот состав на парламентот, но социјалистичките пратеници го напуштија Парламентот и законот не се изгласа.

– Кај нас  во општина Пустец никој не го употребува албанизираното име на општината, како и на сите други наслени места, како Леска, Горна и Долна Горица… тие и за нас и за напите предци и наследници биле,се и ќе бидат Пустец, Леска… иако во сите официјални документи стојат албанизираните топоними во 1973 година, е донесена одлука да се преименува, наспроти волјата на Македонците во Мала Преспа. Последните години во употреба е и македонскиот јазик па тие се пишуваат и на македонски и кирилско писмо, вели Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец.

Тој е оптимист дека овој пат обидот ќе вроди со плод, зашто имале средби и ветувања и од другите политички партии дека предлогот ќе го подржат.

– За враќање на автохтоните топоними , стои барање потпишано од сите жители на Пустец, кои со децении притискаат за ова прашање во Тирана и кај преставниците на меѓународната заедница. Ако биде усвоена одлуката ќе отвори пат да се сменат и имињата на осумте села кои гравитираат кон оваа општина, за што процедурата е поедноставна, изјави Темелко

Според него, време е да се исправи оваа неправда кон жителите на Пустец, иако се очекува таа да предизвика реакција во националистичките кругови во Албанија.

Инаку, со „Меморандумот за разбирање со малцинствата“ што албанската влада го потпиша во февруари 2009 година се дава право на локалната власт за именување на традиционални имиња  на патишта, мостови, села, разни топоними. Тоа, како што тогаш оценија претставниците на Македонците, е позитивен чекор за враќање на имињата на населените места, што е едно од нивните главни барања, да се вратат некогашните автохтони, традиционлани имиња кои секогаш ги употребувале и ги употребуваат Маедонците до денешен ден.

Би можело да ве интересира

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Софија праќа лекари во Мала Преспа: „Министерката Габриел сака да ги побугари Македонците во Пустец“

Орце Костов

Стерјовски: Бугарите се во поход за асимилација на Македонците

Ана Ололовска

Панди Јани ги повика граѓаните слободно да го дадат својот глас на локалните избори во Албанија

Ана Ололовска

(ВИДЕО ) Бугарскиот пратеник Костадинов од Скопје: Треба да бидеме една држава, ние сме еден народ со ист јазик

Орце Костов

Деца од Македонија веќе зеле по 30 евра да учат бугарски, планот е јазикот да влезе во секој македонски дом

Орце Костов