Побарано е разрешување на Петровска, Морачанин не е задоволна од неа: Има реакции од граѓаните и поплаки од инспекторите

Од:

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин за „А1он“ потврди дека партијата побарала разрешување на директорката на инспекторатот за животна средина, Ана Петровска. Морачанин смета дека има поплаки од граѓаните и негативни реакции од вработени во инспекторатот. Не знаеше да каже колку граѓани се пожалиле на работата на Петровска.

Претседателката на ДОМ посочи и дека инспекторатот нема решено големи случаи поврзани со загадување, има мал број на казни, иако е зголемен бројот на инспекциски надзори, па и тоа го наведе како причина за побараното разрешување. За позитивните реакции за работата на Петровска, претседателката Морачанин вели дека не ги видела сите такви коментари.

„Тоа не е лично мое барање, ние како ДОМ го разгледувавме тоа на извршен одбор. Што е незадоволството, тоа нема врска со партијата, партиските работи се едно, функциите кои ги обавуваат луѓето се друго и треба да се работи во интерес на граѓаните. Не е за партијата или за лични интереси. Има реакции од граѓаните, има негативни реакции од вработените во инспекторатот. Точно е дека тие се отворија за јавност, но граѓаните коментираат дека иако пријавуваат – не се случува инспекциски надзор по нивните пријави или се случува многу подоцна откако загадувањето ќе помине односно по неколку денови. Инспекторите од инспекторатот се жалат дека не се менаџира добро, а јас детали не знам бидејќи не сум таму, а и дека им се нарушени меѓучовечките односи. Она што е многу важно, го гледав денес и полугодишниот извештај, имаше и од ‘Рабистри се’ коментари дека инспекциите за животна средина не се доволно транспарентни и второ гледам од ‘Разбистри се’ и дека причините меѓу другото се несоодветен и неефикасен инспекциски надзор. Има реакции од релевантни здруженија кои ја пратат темата дека не се задоволни од ефикасноста и транспарентноста на инспекциите за животна средина. И уште нешто што е важно, го следам денешниот извештај, да точно има зголемен број на инспекциски надзори но неверојатно е само четириесетина пријави да има, прекршочни и казнени од над 800 надзори. Тоа укажува дека или се било во ред или не се санкционирани. Мислам дека тоа е мала бројка на казни. Каде се големите загадувачи? Најголемата казна е за некоја оранжерија, се разбира треба да се казнети, но, имаше и инцидентот во ‘Цементара’, каде е постапката со тоа?“ рече Морачанин.

Прашана дали разговарала со директорката Петровска пред да се побара нејзино разрешување, Морачанин рече: „Јас ги следам, тоа е институција. Немам што лично да разговарам. Не сум имала комуникација со неа..“, по што продолжи да поставува прашања околу случаи кои смета дека инспекторатот требало да ги испита: „Што се случи со аферата со мазутот?“. На прашањето дали таа смета дека постапките не се водат и намерно се прекинуваат од Петровска, Морачанин одговори: „Не, јас не мислам дали е намерно, ненамерно, сигурно не е се до неа, таму има и други запослени инспектори и се, но очекувам кога се презентира извештај и кога се информира јавноста, да биде комплетно информирана. Веројатно затоа и се забелешките, еве не од мене, туку од невладините, дека не е доволно транспарентен инспекцискиот надзор и дека не е доволно ефикасен. Кои се причините, ниту знам ниту сакам да навлегувам“.

Морачанин не знаеше да каже број на граѓани, за кои кажа дека имале поплака од работата на инспекторатот, со образложение дека ги чита коментарите на веб-страницата од Државниот инспекторат за животна средина.

За позитивните коментари кои ги добива директорката Петровска, Морачанин вели: „Секој очигледно има различен став за тоа“, а на прашањето дали ги земале во предвид пред да побараат разрешување, рече: „Јас не сум ги видела сите тие коментари кои се позитивни, јас ги гледам бројките и еве, она што се презентира од инспекторатот и добро е што ги зголемиле бројот на инспекциски надзори.. Во ред е, секако дека има позитивни и негативни коментари. За нас заложбата беше да се санкционираат загадувачите, соодветно и неселективно за да такви загадувања не се случуваат. Исто, знам дека и минатата година беа во контрола на малите хидроцентрали, но и од таму не видовме исто извештај, што се случи со нив? За Рашче исто што излезе…?“

Морачанин негира дека барањето за разрешување се поврзува со разрешувањето на Петровска од потпретседателската функција во ДОМ откако таа побара вонреден конгрес во партијата.

„Тоа нема врска, беше пред 3-4 месеци. Ако било со тоа поврзано, ќе било тогаш.. Нема врска со тоа. Треба секој да си ја врши, без разлика дали е од партија или не, кога се работи за институција треба да се работи професионално“, додаде Морачанин.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин кажа и дека изборот на наследниот на директорката Петровска, не е проблем, посочувајќи дека има искусни и стручни луѓе.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари