Побаран притвор за уште тројца учесници во протестот за „Монструм“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица, кои учествувале во протестите за пресудата во предметот „Монструм“.

За лицата е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 февруари учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“. Притоа, тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници, се вели во соопштението од ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Претходно за истиот настан, Основното јавно обвинителство Скопје веќе поведе постапка за двајца други учесници во протестите.​

Протестот на 26. февруари беше организиран поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекувањето на доживотни казни затвор за обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година, а само обвинението беше одбиено за обвинетиот Сами Лута, поради откажување на јавниот обвинител.

Би можело да ве интересира

Обвинителен акт против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп

Катерина Ѓуровски

Ја задушил и ја закопал, на пријателите им рекол дека му дошла на сон и му кажала од каде да ја спаси

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

Го чекале со пишитоли поради сообраќаен инцидент, двајца браќа осомничени за обид за убиство