Побаран притвор за битолчанецот кој го уби зетот

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 21 феавруари, според Обвинителството со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место.

По настанот, јавен обвинител изврши увид и издаде наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор на објектот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците.​​

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Познат прекршител на законот го уби тинејџерот кај Бачка Паланка, уапсен е

А1он

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он

Италијанската полиција го фатила Хрватот што уби кондуктер, па го пуштила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голема потера во Италија: Хрват уби кондуктер со нож и избега со воз

Предраг Петровиќ

Убиецот на Ахмет Мерт Доган избега во Косово, започната е постапка за негова екстрадиција