Побаран куќен притвор за Јанакиески

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова побара куќен притвор за Миле Јанакиески. Ова доаѓа веднаш откако судот му одреди највисока казна затвор од 4,6 години. На ова се притвеше Јанакиески.

“Имајќи ја во предвид казната за Миле Јанакиески и фактот што тој е осуден од овој суд на казна од 6,3 години и фактот што против него се водат други кривични потапки, но и фактот што има влошена здравствена состојба, поради причини за опасност од бегство барам куќен притвор која ќе трае до започнување на издржување казна затвор.

Адвокатката Сања Алексиќ кажа дека се противи на предлогот за куќен притвор.

“При давање на ваков предлог јавниот обвинител не достави ниту еден релевантен доказ од кој судот ќе утврди дека Миле Јанакиески се подготвува са бегство, од друга страна, обвинителот единствено се повика на тоа дека обвинетиот е веќе огласен за виновен и дека му е изречена затворска казна од 6,3 години. Одбранта укажува дека станува збор за неправосилна пресуда за која одбраната се жали, поради што предлагам на судот при одлучуваеето на ваквиот предлог на обвинителот да земе во предвид две решенија на Апелација. Јанакиески има мерки на претпазливост кои ги почитува. И при давањето на признание на вина беше запознаен со можните казни”, кажа адвокатката Алексиќ.

Би можело да ве интересира

Миле Јанакиески излегува од затвор

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески