ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Од:

На Саборот на СПЦ кој заврши денеска била донесена одлука за канонски отпуст на ПОА со цел таа да се интегрира во Македонската проавославна црква – Охридска Архиепископија. Ова е последовна одлука во пресрет на одлуката за доделување томос за афтокефалност на МПЦ. Одлуката ја соопшти СПЦ.

– На годинешново заседание на Светиот Архијерејски Собор особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на Архијереите на Православната Охридска Архиепископија, во светлина на минатогодишната одлука на Светиот Архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската Православна Црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската Православна Црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури, се наведува во соопштението од Саборот на Српската православна црква.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ