По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Од:

Пратеничката Славјанка Петровска по заканите упатени кон неа во вторникот вечерта побарала обезбедување од МВР, дознава А1он. Во телефонскиот разговор Петровска кратко потврди дека побарала но и дека нема добиено засега одговор од МВР.

„Не се чувствувам безбедно. Нема да навлегувам во детали, единствено можам да потврдам дека побарав обезбедување и чекам одговор“, изјави пратеничката Славјанка Петровска за А1он.

Полицијата сеуште нема никакво известување за настанот, кој е пријавен и во станица, каде пратеничката кажала на кое лице се сомнева дека и се заканувало. Дополнително веќе се земени сите снимки околку зградата каде живее пратеничката и од кои лесно може да се утврди за кого се работи, односно кој се заканувал.

А1он побара одговор од МВР дали има некакви информации околу настанот и дали е утврден идентитетот на тој што се заканувал, но одговор до објавување на текстот не пристигна.

Петровска претпоставуваше дека заканите се поврзани со нејзиното пратеничко прашање минатиот четврток за таканаречениот „охридски судски случај“ каде старателството врз четиригодишнното дете е одземено од мајката и дадено на таткото. Таа упати прашање до Министерството за социјална работа до кога ќе го толерира самоволието и корупцијата на неколкумина вработени во Центарот за социјална работа.

„Моето прашање е дали министерот ќе постапи според надлежностите и дали ќе бидат санкционирни, ова своеволие на корумпираните службеници со цел да се заштити здравјето на ова дете“, праша таа.

На први јуни, доцна вечерта пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, доживеаа закани додека се наоѓала пред зградата каде што живее на булеварот Србија во Скопје. Од автомобил мерцедес со охридски регистарски таблички ѝ било упатена заканата: „Цаци, готова си“, по што лицето се повлекло.

Помеѓу две судења во скоспкиот суд исотото лице за кое се сомнева Петровска, истиот ден претходно упаднало и кај судијката која одлучува по извршната пресуда од охридскиот суд, односно по пресудата на Апелациониот суд во Битола кој во многу нетранспарентна и очигледна корумпирана постапка го додели старателството на таткото, а ја исклучи целосно мајката Невена од старателство на детето.

Во Основен суд Скопје 1 лицето С.С. упаднало на судење и вршело притисок кон судијката да издаде извршно решение за одземање на детето од мајката, на што таа се спротивставила и го замолила да излезе од судницата. Судијката повикала и судска полиција. Тој кажал или таа ќе издаде извршна постапка или сам ќе го земе дететето за кое веќе има вештачење од експерти дека тоа не може да се оддели од мајката без да му се предизвика трума.

После судот, а пред упатувањето вечерта кај Славјанка истото лице упаднало на игралиште во скопската населба Аеродром, каде настанала брканица. Сведоци за А1он кои изразија и желба јавно да дадат изјави пред камера, рекоа дека тоа била една многу непријатна ситуација каде детето кое има четири години бегало од ова лице кое дошло со братот со бело комбе кое го паркирале понастрана. Тие понудија и снимки и фотографии од целата брканица која траела до влезот од зградата каде што живеаат родителите на мајката на детето и како се одвивала целата драма.

Токму Центарот за социјална работа, односно неколкумина се на услуга на ова лице 24 часа на ден и му ги исполнуваат желбите. Иако знаат дека по спорната извршна пресуда не важи решението со кое сакаат да го земат детето, и дека треба да чекаат извршна наредба од скопскиот суд за земање на детето, упорно и секојдневно кружат околу зградата на мајката и вршат притисок, поднесуваат кривични пријави и ја повикуваат полицијата за асистенција, и сето тоа се врши на „пријателска и по линија на моќ и влијание“.

Би можело да ве интересира

Минчев: Македонија е решена да стане модерна европска држава, тоа не може да се постигне со стари навики

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија