По вработувањето на дедото, Кирацовски не се појави во Собрание

Од:

Пратеникот Александар Кирацовски не се појави на Комисијата за политички систем во Собранието, откако претходно ЕЛЕМ потврди дека таткото на неговата сопруга, Борче Поповски е вработен во компанијата. Кирацовски не одговараше на телефонските повици и пораки на „A1он“, а за „Телевизија 24“ изјави дека ги отфрла обвинувањата дека тој влијаел при вработувањето, додавајќи дека „тоа не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек“.

Кирацовски е претседател на Комисијата која денеска одржа главна расправа за Законот за извршување на санкции. Бидејќи Кирацовски не се појави, седницата ја водеше пратеникот Чедо Саздовски.

Освен дедото, минатиот месец е вработена и Мери Поповска, мајка на сопругата на Александар Кирацовски. Поповска работи во Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола.

Kристијан Ландов 

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова