По земјотресот од 4 степени, три нови, помали земјотреси во охридскиот регион

Од:

По земјотресот со јачина од 4 степени почувствуван денеска во 11 часот и 39 минути, во охридскиот регион почувствувани се уште три помали потреси.

Еден од нив следел веднаш во 11 часот и 42 минути, а бил со јачина од 2,3 степени со епицентар на 2 километри источно од Охрид.

Вториот бил во 13 часот и 53 минути, со епицентар на 8 километри источно од Охрид и јачина од 2,4 степени, додека третиот е почувствуван во 14 часот и 31 минута.

Последниот земјотрес, според првичните информации бил со јачина од 2,8 степени, а пицентарот бил на 8 километри југо-западно од Ресен, на длабочина од 5 килоемтри.

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мјанмар