А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

По тепачката на ски терени во Маврово приведени осум лица

by А1он03/01/2022 - 12:1203/01/2022 - 14:141922
Share0

Осум лица, четворица државјани на Косово и четворица од Гостивар се лишени од слобода откако меѓусебно се степале на терени на ски центарот Маврово. Во тепачката во која биле користени и спортски реквизити, две лица се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за насилство.

Добивај вести на вибер

Според СВР Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 18:15 часот ги лишиле од слобода: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29), Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, поради сомнение за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14:50 часот се случила на ски-терените на Бистра во Маврово.

Според пријавеното, во физичката пресметка биле употребени и тврди предмети, а две лица, А.О. и С.Ѓ. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Сите инволвирани се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвена соодветна пријава.

hronikaincidentimvr

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:31

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто