По пожар во импровизирана барака најдено изгорено машко тело

Од:

Изгорено машко тело е најдено во остатоците од импровизирана барака што изгоре ноќеска во близина на спортската сала на тетовскиот спортски центар, информира денеска СВР Тетово.

Пожарот во тетовската Пожарна е пријавен ноќеска околу 3 часот, а подоцна и полицијата добила повик за настанот.

-Пријавен е пожар во импровизирана барака на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ кај спортската сала. Бараката е целосно изгорена, а при тоа е најдено безживотно изгорено машко тело. Увид на местото направиле претставници на Јавното обвинителство, СВР Тетово и Судска Медицина. По наредба на обвнителот телото е предадено за обдукција и идентификација во Институтот за судска медицина во Скопје, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Истрагата продолжува со мерки со кои ќе се откријат причините и околностите за настанување на пожарот, информираат од тетовската полиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени