По оставката во ДИК поради бонусите, Виолета Дума го советува премиерот Заев

Од:

Поранешната судијка Виолета Дума, која поднесе оставка, па беше разрешена како член на Државната изборна комисија поради бонусите, го советува премиерот Зоран Заев за правосудството за месечен надомест од 40 илјади денари, потврдија од Владата за „Макфакс“.

„Виолета Дума е ангажирана во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија како надворешен соработник за правосудство, со посебни знаења и искуства од областа на судството и правосудниот систем, со договор во времетраење од 20.7.2018 до 20.7.2019 година. Износот на месечни примања за нејзиниот ангажман изнесува 40.000 денари“, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека Дума активно учествувала и во работата на Советот за реформите во правосудството со свои мислења и анализи. Додека јавноста реагира на доделување на бонусите, Дума изјави дека е законска одлуката за да си доделат бонуси и дека етичкото прашање е друга работа.

Поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи, кој исто така беше разрешен со колегите зашто си делел бонуси, лани беше избран за виш управен судија. И членот на ДИК, Игор Милев, доби функција да му биде советник на директорот на Царинската управа.

„Макфакс“ неофицијално дознава дека уште еден ексчлен на ДИК, кој поднесе оставка поради бонусите, може да добие функција.

Според одлуката донесена на затворена седница, членовите на ДИК си изгласале бонуси во висина од четири плус две дополнителни плати. Аферата во јавноста ја објави американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев