А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

По напуштањето на собраниската сала од опозициските пратеници, Џафери ја прекина седницата

by А1он14/09/2021 - 15:50672
Share0

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница пред да биде изгласан нејзиниот дневен ред и ја презакажа за утре во 12 часот, откако претходно пратениците од опозицијата, рекоа дека денеска нема да учествуваат во работата на Парламентот, поради тоа што не беа ставени како точка на дневен ред нивните предлог-одлуки за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, а ниту пак од Владата беа доставени нивните оставки.

Следете a1on на Instagram Instagram

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот на Парламентот дека покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.

– Премногу е сензитивен моментот и сметам дека не треба да си играме со вакви работи, особено со оставки дадени од морални причини. Ние како законодавен дом да не учествуваме во циркусот кој премиерот Заев решил да го прави во овој период, рече Мицевски, кој истакна дека оставките штом стигнале до Владата, требало веднаш да бидат доставени до Парламентот.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во процедурална забелешка рече дека министерот за здравство секогаш бил коректен со нив и оти по излегувањето од салата многу од нив ќе му се јават да му се извинат.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Она што сакавте да го направите е да ја искористите тагата на сите граѓани, на семејствата на починатите, за ситни политички поени, не ви помина. Колку да сакавте да изглумите, се покажа, рече Митревски, додавајќи дека опозицијата не дозволува да се заврши истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница па потоа да се носи одлука.

– Не е фер кон јавноста. Денеска има точки на дневен ред кои се во интерес на граѓаните, како законот за облигациски односи, со кој побаравме каматите да не бидат поголеми од јавниот долг. Вие денеска ја напуштате седницата, токму кога на дневен ред има таква точка, рече Митревски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери нагласи дека пратениците од опозицијата решиле од „совест да не учествуваат во работа за која се платени“.

– Оставете ја совеста. Нема јас да ја оценувам таа совест туку граѓаните на 17 октомври. Второ, по „Фејсбук“ статуси повикуваат на мојата совест, затоа овде ќе кажам, покажете ја сликата на совеста. Денеска двајца пратеници од мнозинството се спречени да дојдат на работа од здравствени причини едниот во изолација поради член во семејството, а другиот со таква дијагноза на болест за што не знаме каков ќе биде крајот и резултатот на контролата, тие одлучиле поради совест да не бидат на работа денеска. А јас сум должен и за денеска да ги платам, рече Џафери и ја прекина седницата, презакажувајќи ја за утре во 12 часот.

pozar tetovosobranietalat dzaferivenko filipce

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:4311/09/2026 - 13:45

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Горан Наумовски08/09/2026 - 09:08

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Горан Наумовски03/09/2026 - 13:36

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео