По лаборантот, и медицинска сестра на Детска клиника позитивна на коронавирус, заразени од мајка на пациент

Од:

Лаборантот на Детска клиника се заразил со коронавирус од мајка на пациент, која лежела во болницата, а позитивна на коронавирус е и медицинска сестра од имунолошкото одделение.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се подготвува поголемо тестирање за коронавирус на Детската клиника.

„На Детската клиника има и сестра заболена кај која е дијагностициран вирусот и точно е дека станува збор за вирус донесен од надвор. Разговараме за поголемо скринирање, посебно на имунологија, за сите што се сместени таму како и персоналот. Заболената сестра е од имунолошкото одделение“, рече министерот Филипче.

Коронавирус кај лаборантот на Детска клинка беше дијагностициран во вторникот кога четворица вработени во лабораторијата беа ставени во изолација.

Вработени на Клиниката за „А1он“ во вторникот изјавија дека се сомневаат дека коронавирусот во болницата го донела придружба на пациент, но министерот официјално ја потврди информацијата денес.

На Детската клиника засега нема реорганизација поради потврдените случаи на коронавирус кај вработените.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси