По две години и шест месеци затвор за двајцата насилници од Штип кои натепаа девојка

Од:

На двајцата штипјани кои брутално натепаа девојка, а притоа ја навредуваа и омаловажуваа, судот им изрече казна затвор од две години и шест месеци. Пресудата е изречена од штипската судијка Јулијана Неткова, откако двајцата насилници ја признаа вината на претходното рочиште. Тие остануваат во кумановскиот затвор каде издржуваат мерка притвор, до правосилноста на пресудата. При изрекувањето на пресудата, тие не беа во судницата, а таму не беше ниту нивниот адвокат.

Правната разрешница на насилството кое се случило во јануари доаѓа откако на социјалните мрежи на 2 април беше објавена снимка од тепањето на девојката, која ја направиле двајцата штипјани кои сега се осудени. Тие беа гонети за кривично дело „насилство“, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.

Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи ги идентификуваше насилниците и ги приведе.

На видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, може да се слушне како еден од двајцата насилници ѝ се обраќа на девојката со зборовите: Бремена ли си од мене? Бремене од мене? Моето име да го заборавиш веќе, чу ли?!, додека другиот го охрабрува да ја удри девојката уште еднаш.

Двајцата осудени штипјани сега имаат право на жалба до повисокиот суд.

Би можело да ве интересира

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода