По два дена најден е Јосиф, мајката раскажа: Бил заведен од секта, родителите да бидат внимателни

Од:

По два дена потрага на семејството, пријатели и полицијата, најден е младиот Јосиф од Драчево. Неговата мајка, Маја Попова,  која и натаму е потресена од тоа што ѝ се случи, сподели за „А1он“ дека полицијата успеала да го лоцира. Според неа, тој бил заведен од секта од страна на лице кое се претставувало како бездомник.

„Него го најде полицијата. Ангажиравме многу луѓе, го пријавивме во полиција, ангажиравме едно чудо луѓе. Го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца кои ни помогнаа. Тие се веќе полнолетни, со 18 години, моравме сè тоа да земеме  предвид. Треба да одиме во полициска станица, каде што треба да се даде извештај“, вели Маја Попова, мајка на Јосиф, за „А1он“.

Мајката има информации за човекот кој го завел, но полицијата ќе треба да го истражи случајот. Таа вели дека Јосиф бил врбуван, а се сомнева дека таргети на ваквите луѓе се лица и деца кои се ранливи.

„Имаме информација кој го завел. Човекот се вика Ангел, некој бездомник. Бил во Канада. Во тој момент веројатно се поклопиле многу работи бидејќи тој (Јосиф) талкаше од една до друга страна, можеби сакал да се пронајде себеси, па нашол, така кажано, верба во Бога. Меѓутоа, едно е тоа што ние сакаме да се подигнеме, а друго она што луѓето ќе ни го пласираат. Пред да замине тој не бил во училиште, се нашол со човекот, со тој Ангел. Тие проповедувале  т.н. Божјо слово, што од една страна не изгледа лошо, но од друга страна, тие проповедуваат работи за  кои велат дека се од Библијата, дека ќе дојде крајот на светот, по извесно време нешто ќе се случи, па кажувале кои работи ќе се случат и така натаму. Работата е што  го наседнале и тој поверувал во сето тоа. Тука е направена грешката“, раскажа Попова, вознемирена од случувањата.

Кога бил пронајден, според семејството, Јосиф бил многу збунет. Седиштето на местото каде што се правеле овие активности било меѓу Центар и Карпош 4.

„Сега да видиме што треба да направиме, дали ќе треба медицинска помош, дали ќе треба да воведам рехабилитација, затоа што ме вознемири моментот кога почна да прави муабет за Бога и слично. Толку беше супериорен во своите изјави што мислите дека работите ги држи во свои раце,  споделуваше цела наука. Дури сега сфаќам дека  толку многу ги врбуваат, шетајќи низ градов, што навистина не сум свесна какво ‘бомбардирање’ има од нивна страна. Мислам дека и Јосиф наседна на такво нешто, со оглед дека ги користат децата кои се кршливи, кои имаат фамилијарни проблеми. Сите ние сме во некоја транзитна состојба во која многу нешта се одразуваат на децата, особено кога нешто ‘чкрипи’ во бракот“, додава таа.

Мајката на Јосиф упати и порака до другите родители да бидат многу внимателни со своите деца.

„Имам порака. Многу голема внимателност со децата. Да не ги распрашуваат само нив туку и сите околу нив, другар и пријатели, да споделуваат информации кои ги имаат. Сепак,  сите сме во време кога трчаме да завршиме работа, да заработиме, да им дадеме нешто за нив, леб, да им купиме, во таа брканица ние го губиме нивното внимание“, вели Маја Попова.

Би можело да ве интересира

Маж поврден од заталкан куршум кај Арачиново

Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со нож нападнал скопјанец

Средовечен скопјанец се замозадоволувал во автобус на ЈСП

Жена загина, петмина се повредени во тешка сообраќајка на патот Скопје – Блаце

Катерина Ѓуровски

Бебе загина во сообраќајна несреќа во струмичко

Катерина Ѓуровски

На автопатот Тетово-Скопје e фатен возач кој се движел со 207км/час, казнет e со 400 евра