По 35. пат доделена наградата Манинг

Од:

Наградата од Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон, Велика Британија ја добија осум најдобри студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.

На денешното доделување на наградите во Аулата на Ректоратот на УКИМ, ректорот Велимир Стојковски на студентите им честита за наградата  и им посака успех во понатамошното образование.

Наградени се Васка Бојаџи  и Константин Битраков од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сања Таневска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Ана Гладкова од Факултетот за ликовни уметности, Анита Буровска и Михајло Ганзовски од Економскиот факултет, Валентина Ѓорѓиевска од Филозофскиот факултет и Костандина Ангелова од Архитектонскиот факултет.

По доделувањето на наградата „Манинг“, во Ректоратот беше потпишан Меморандум за разбирање и соработка помеѓу УКИМ и Фондацијата за негување на македонското културно наследство „Македоника“.

– Согласно одлуката на ректорската управа и на Сенатот, Универзитетот веќе полека се ориентира кон електронското издаваштво. За таа намена донесовме и посебен правилник. Не затоа дека настојуваме хартијата и пишаниот збор да го изгубат она значење и чувство на  земање книга во своите раце, туку електронското издаваштво треба да си го добие своето место во насока на поголема пристапност на учебниците, истакна ректорот Стојковски.

Меморандумот претставува започнување на соработка помеѓу Универзитетот и „Македоника“ во областите за дигитализација на постоечките учебници и стручна литература што ја користат студентите, воведување нови аудио-визуелни пристапи во идните изданија и во други проекти поврзани со македонскиот јазик, култура и идентитет.

Би можело да ве интересира

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски