По 30 години извршена реконструкција на Итната медицинска помош во Македонски Брод

Од:

Здравствениот дом во Македонски Брод, во изминатите две години, реализираше бројни инвестиции за унапредување на условите за работа и третман на пациентите. После триесетина години е извршена комплетна реконструкција на просториите на Итната медицинска помош, поставени се нови внатрешни ѕидови, врати, извршено е молерисување и поставена нова медицинска и немедицинска опрема. Комплетно е реновиран и влезот на оваа установа со ново осветлување на првиот кат во Здравствениот дом.

Оваа инвестиција е во вредност од 10 илјади евра, а средствата се обезбедени од оваа јавна здравствена установа.

Согласно планот за јавни набавки, до крајот на годинава се планира и реновирање на биохемиската лабораторија и санитарните јазли, во вкупна вредност од 15 илјади евра. Обезбедени се и средства за комплетно реновирање на амбулантите во општина Пласница.

Исто така, реализирани се активности за зајакнување на кадарот. За две и пол години се реализирани 20 нови вработувања, од кои дел на неопределено работно време, а дел со договор на дело, меѓу кои се: доктори по општа медицина, доктор по стоматологија, поголем број медицински сестри ангажирани во патронажната служба, како и рендген техничар, биохемиски аналитичар, информатичар, хигиеничар и возач за потребите на Итната медицинска помош.

Од Здравствениот дом Македонски Брод, информираат дека во текот на минатата и оваа година, првпат по 20 години се испратени пет доктори на специјализација од областа на интерна медицина, гинекологија, радиологија, офталмологија, детска и превентивна стоматологија. Во текот на оваа година, се планира на специјализација да заминат уште тројца доктори од областа на педијатрија, биохемија и ургентна медицина.

Би можело да ве интересира

Женска тепачка во болницата во Кочани

Малолетничка со автомобил удрила во виљушкар

Горан Наумовски

Домот на културата во Македонски Брод реализира пет проекти со финансиска подршка од Министерството за култура

А1он

Треска се излеа кај Македонски Брод, силните врнежи ги оштетија и патиштата до повеќе села во Поречијата

А1он

Четириесет години игра и песна со КУД 7-ми Септември, јубилеен концерт утре во Македонски Брод

А1он

Пожарите во земјава не стивнуваат, најсериозна е состојбата вo Македонски Брод, Пехчево и во Делчево

Катерина Павлова-Николовска