По 150 илјади евра за патни трошоци – пратеници рекордери во поминати километри

Од:

Од 11 илјади евра до 153 илјади евра земале пратениците за патни трошоци за патувања во земјата, во периодот од 2010 до 2019 година, покажуваат податоците од базата „Отворени финансии“ кои ги преработи основачот на агрегаторот на вести Time.mk.

Рекордери на листата кои зеле најмногу патни трошоци во последниве девет години се најчесто пратениците од ВМРО-ДМНЕ кои патуваат од внатрешноста до своето работно место.

Драган Цуклев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија и неговата колешка Лилјана Затуровска од Битола се наоѓаат на врвот на листата на пратеници со земени патни трошоци од 153 илјади евра.

Драган Цуклев и Лилјана Затуровска

Трета на листата е екс-пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева која наплатила 128 илјади евра. За ова, Специјалното јавно обвинителство отвори истрага под кодно име „Друмарина“, а Бонева се сомничи за измама во службата, бидејќи од 2011 до 2015 година, до службите на Собранието поднела лажни фискални сметки од патарини за присуство на седници во парламентот.

„Доказите упатуваат на тоа дека истата имала сместување во Скопје и дека не ги остварила патувањата“, рече кон крајот на 2017 година обвинителката Фатиме Фетаи.

Александар Николоски, експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, актуелен потпретседател на партијата, за време на неговиот мандат како пратеник во Собранието зел 127 илјади евра за патни трошоци.

Александар Николоски

Околу 120 илјади евра за патни трошоци зела Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ од Битола, а три илјади евра помалку од неа зел нејзиниот сопартиец Димитар Стевананџија.

Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот сопартиец Менде Диневски, експратеник во Собранието, зеле 104 илјади, односно 102 илјади евра за да патуваат до родните градови во кои живеат.

Лилјана Кузмановска, Димитар Стевананџија, Ане Лашкоска и Менде Диневски

Долга е и листата на пратениците кои зеле околу 90 илјади евра – таму се наоѓаат Миле Пачемски, Ромео Треновтан, Весна Пемова, Васил Пишев, Горан Сугарески, Нада Ципушева и Весна Бендевска.

Откако во јавноста се покрена прашањето за високите патни трошоци што ги користат пратениците како привилегија, Собранието ги изгласа законските измени со кои наместо дотогаш утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, пратениците добиваат надомест до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи.

Со законските измени, се доби и можност пратениците од внатрешноста наместо да патуваат, да добијат стан под кирија до 400 евра и платени сметки до 100 евра. Оваа привилегија ја искористија само 13 пратеници, но и кај нив „А1он“ откри сомнежи за можни злоупотреби.

Останатите пратеници и понатаму патуваат од внатрешноста до своите работни места во Собранието, согласно новите законски измени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски