По 1.000 лица дневно добиваат решенија за изолација

Од:

Откако се зголемија бројките на новозаболени Државниот санитарен и здравствен инспекторат во просек издава по 1.000 решенија дневно за изолација на лица кои се позитивни на коронавирусот и на лица кои имале контакт со позитивно лице. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова вели дека кај нив нема вкупна бројка на лица кои во моментов се во изолација оти секојдневно некому му завршува изолацијата која може да трае од 10 – 20 дена, а има и лица кои стануваат позитивни додека им трае изолацијата.

„ДСЗИ дневно во просек издава по околу 1.000 решенија на позитивни лица и лица кои имале контакт со позитивно лице. Во последниве шест дена се издадени 6.715 решенија на територија на целата држава. Во оваа бројка влегуваат децата од градинките и училиштата како и наставниците. Решенијата се доставуваат на Вибер, на имејл или на домашна адреса во зависност од податоците кои ги добиваме од ИЈЗ и ЦЈЗ. Во однос на вкупната бројка на лица во изолација, ние немаме увид колку од позитивните лица се асимптоматски и нивната изолација трае 10 дена, колку се со симптоми, во тој случај изолацијата трае 20 дена, колку од контактите се позитивизираат во тек на 14 – дневната изолација како контакти на позитивно лице“, вели директорката Сотирова – Бухова.

Во последниве шест дена се издадени 6.715 решенија на територија на целата држава – директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова – Бухова

Инспекторатот, по зголемувањето на бројките, добил двајца студенти на медицина кои повремено помагаат за изработка и доставување на решенијата за изолација.

Министерството за здравство секојдневно јавува за броката на излекувани пациенти, заедно со бројката на новозаболени и починати од Ковид – 19, но од таму не одговорија на прашањата колку лица вкупно се во изолација во моментов.

Министерството за внатрешни работи, пак, кое контролира дали лицата кои добиле решенија ја почитуваат изолацијата, вели дека бројката се менува на дневно ниво, а тие прават пресек секое утро врз основа на решенијата што ги добиваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Според последниот пресек направен утрово во седум часот, полицијата контролира вкупно 8.321 лице во изолација на територија на целата држава“, велт од МВР за „А1он“.

Полицијата денес контролирала вкупно 8.321 лице во изолација

Од почетокот на спроведување на мерката за контрола на лицата кои се во изолација, поднесени се 220 кривични пријави за 280 сторители за непочитување на мерката. Бројката на сторители е поголема од бројката на поднесени кривични пријави, оти, како што објаснуваат од МВР, ако во едно семејство непочитувањето е констатирано кај повеќе членови поднесена е една пријава но сторители се повеќемина.

Министерството за здравство вечерва извести за 628 новозаболени и 15 починати од кронавирус во последното деноноќие. Од почетокот на пандемијата во март во Македонија се регистрирани 27.827 заболени, 19.479 излекувани и 949 починати, а во моментов има 7399 активни случаи.

Би можело да ве интересира

Во 2020 рекорден број починати во земјава: дневно умирале по 70 луѓе од кои 10 отсто од Ковид-19

Мери Јордановска

Нема препораки за нови мерки, средба на Комисијата за заразни болести в понеделник

Катерина Ѓуровски

Починаа 22 лица, 561 нови случаи на Ковид 19

Без обврска за тест и карантин може да се патува само во Србија, Албанија и Косово

А1он

Полицијата регистрирала 659 лица што не носеле маска

А1он

Потврдени 36 нови случаи на ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани 1622, оздравени се 13 пациенти – почина 1 лице