А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Плевнелиев: Тезите на противниците на договорот со Македонија доаѓаат од Москва

by А1он07/07/2017 - 10:0407/07/2017 - 15:35310
Share0

Бугарија нема повисок интерес од тоа да има мир на Балканот и се залага за траен и одржлив мир и добрососедство, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, коментирајќи го развојот на бугарско-македонските односи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Росен Плевнелиев, кој беше претседател на Бугарија во периодот од 2012 до 2017 година, тоа го изјави во „Денот започнува“ на Бугарската национална телевизија.

Според Плевнелиев, Бугарија има историска шанса да биде патот по кој Европската унија ќе се прошири, а Македонија треба да влезе во Европа, но најголем нејзин проблем, како што рече, е идеологијата на македонизмот.

– Тоа е една целосно антибугарска идеологија, која нас не прави фашисти. Тоа е една идеологија на бришење, тоа е една идеологија на манипулирање на историјата. Бугарија треба да излезе и јасно да каже дека ние сме за обединета и неделива Македонија. Тоа е една млада држава и ние треба да и помогнеме да оди напред. Бугарија нема потреба од повеќе територија, Бугарија е за тоа границите да паднат, а не да се поместуваат. Бугарија е за траен и одржлив мир и добрососедство, изјави Плевнелиев.

Следете a1on на Youtube YouTube

За Плевнелиев потпишувањето на договорот за добрососедство со Македонија ќе претставува сигурна основа за развој на меѓусебните односи и напорите во таа насока треба да бидат поздравени.

– За мене нема повисок интерес од тоа да има мир на Балканот, бидејќи тоа е наш заеднички дом. За да има мир на Балканот, Бугарија треба да покаже европски пристап, бидејќи европскиот проект е сојуз за мир, бидејќи европскиот пристап е базиран на вредности за мир, граѓански права и слободи, изјави Плевнелиев.

Плевнелиев, исто така, посочи дека сериозни ги анализирал „главните тези“ на противниците на договорот меѓу двете земји во дебатите кои се водат во Македонија, Бугарија, но и во Србија.

– Главните точки се исти. Според мене, тие доаѓаат од Москва. Москва ја користи секоја прилика и секој начин да ја дестабилизира ЕУ. Најлесен начин за тоа е преку Балканот. Тука останува на бугарските политичари, независно од која политичка партија доаѓаат, да не одат по точките од една или друга сила, туку да направат дебата во парламентот за суштината на националната стратегија на Бугарија, изјави Плевнелиев.

bugarijavlada

Би можело да ве интересира

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 19:2303/10/2026 - 19:23

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 10:4129/09/2026 - 15:44

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он22/09/2026 - 16:11

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он12/09/2026 - 10:35

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео