Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски-Мурато

Од:

Планинари од Македонија и странство денеска по 24 пат го одбележуваат големиот подвиг на Димитар Илиевски-Мурато (1953-1989), првиот македонец кој се искачи највисокиот планински врв на светот Монт Еверест висок 8.848 метри, како дел од Македонската алпинистичка хималајска експедиција „Мт. Еверест 89“.

dobivaj vesti na viber

Традиционалниот планинарски марш започна утрово во две маршрути, односно на релација Инфо Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер-Димев Врв и втората маршрута од Ниже Поле – Дебел Рид – Големо Езеро – Партизански Врв – Широко Стапало – Врв Пелистер – Димев Врв, каде околу 500 планинари точно напладне се сретнаа на заедничкото место „Димев Врв“ и одржаа сеќавање на денот кога на 10 мај 1989 година Мурато го освои Монт Еверест, но за жал на враќање, на снежните падини на Хималаите, го загуби својот живот.

На планинарскиот марш учествуваат планинари од македонските градови Скопје, Велес, Тетово, Прилеп и Битола, како и планинари гости од Грција и Србија и за сите нив обезбедивме амблем со ликот на Димитар Илиевски-Мурато и спомен печат од маршот, информираат од планинарскиот спортски клуб „Пелистер“.

Димитар Илиевски – Мурато за своите врвни постигнувања во областа на алпинизмот постхумно е награден со повеќе награди меѓу кои „Орден за заслуги за народ со златна ѕвезда“ (1989), „Медал за заслуги за Македонија“ (2008) како и други општински и национални признанија.

Би можело да ве интересира

Пронајдени и спасени двајца планинари на Шар Планина

Катерина Павлова-Николовска

Врвот Голема Вртешка дел од маршрутата на ПСК „Голак“ Делчево

Ана Ололовска

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска