Плаќање паркинг преку смс во Центар

Од:

На барање на граѓаните, Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар од петок воведува нова услуга – дополнителен начин на плаќање на паркинг услугата со мобилен телефон, поточно со смс порака.

Како што информира денеска директорката на ЈП Паркинзи на општина Центар Маргарита Бакев потребно е граѓаните да пратат смс на телефонскиот број 14 14 14. Пораката треба да ја содржи зоната, празно место, регистарскиот број на автомобилот, празно место и времетраење на паркинзи.

– Новина е тоа што не е потребна порака за одјавување. Корисниците десет минути пред истекот на услугата паркирање ќе бидат известени со порака дека платената услуга истекува. Доколку сакаат да го продолжат паркирањето треба само да напишат смс со зоната и колку часа сакаат дополнително да се задржат, рече Бакев и додаде оти цената на смс порака е 5 денари, со вклучен ДДВ.

На новинарско прашање, Бакев одговори дека немаат загуба во претпријатието откако е воведен бесплатен паркинг во Центар.

– Можеме да кажеме дека се работи за неприбирање на планираните приходи од надомест на паркинг услугата од станарите, што реално нема финансиски да го оптовари претпријатието, рече Бакев.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он