Писмо од Ахмети до Бејли: САД имаат искрен партнер во мене и во моите соработници

Од:

„Ден по постигнувањето на компромисoт и гласањето во Собранието на Република Македонија, во согласност со проценката на меѓународната заедница од минатата недела, амбасадоре Бејли, решив во име на сите нас од Демократската унија за интеграција да ви се обратам на Вас и вашите соработници од Стејт департментот на САД и Амбасадата на САД во Скопје, преку ова јавно писмо да изразам благодарност за вашиот придонес во надминување на политичката криза во земјата преку одржување на демократски и слободни избори на 5. јуни оваа година,
напиша , Али Ахмети во писмото до амбасадорот Џес Бејли.

Ова е писмото од Али Ахмети до амбасадорот Бејли:

„Вашите напори и на вашите соработници преку дадениот придонес кон решавање на најсериозната политичка криза со која се соочува мојата земја, докажаа дека Македонија и граѓаните на оваа земја имаат посебен и искрен пријател во Вас и во САД.

Јас би сакал да ја искористам оваа прилика уште еднаш да ја потврдам нашата посветеност кон спроведувањето на договорот од Скопје, како и дека ќе го продолжиме нашиот придонес кон остварување на суштинските реформи што произлегуваат од итните препораки, вклучувајќи ја и нашата посветеност за изборна атмосфера на која граѓаните слободно ќе гласаат, без заплашување и без условување.

Овој процес е исклучително важен за нас бидејќи веродостојни и прифатливи избори за меѓународната заедница ќе придонесат и за силно враќање на евро-атлантската агенда, како единствена алтернатива за нашата земја.

На крај, САД имаат искрен партнер во мене и во моите соработници, бидејќи нашата цел е заедничка, демократска Македонија со владеење на правото и толерантно општество, со здрави меѓуетнички односи и меѓусоседски односи, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ“, стои во писмото на Али Ахмети до амбасадорот на САД Џес Бејли.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ