Писмо од Кирацовски до премиерот Емил Димитриев

Од:

„Дури и кога декларативно се обидуваат да повикаат на создавање на услови за фер и демократски избори, функционерите на власта не можат, а да не погрешат.

Од таму се потврдува и хипокризијата на власта, да повикува на едно, а да прави сосема друго.

Имено, техничкиот премиер Емил Димитриевски преку свој допис членовите на Владата и раководните државни службеници, повикува на „… креирање на фер и слободна атмосфера …“ и „…одвоеност помеѓу државата и партиите на власт…“, но цитира и се повикува на не постоечки закони.

Во својот допис, господинот Димитриев го цитира член 28 од Законот за државните службеници кој престана да важи на 13.02.2015 година, односно (Чл.28) „државниот службеник, со членувањето во политичка партија и со учество во нејзините активности не смее да го доведува во прашање својот статус на државен службеник, ниту вршењето на службените кои произлегуваат од тој статус.“

Со цел декларативната заложба на техничкиот премиер да ја направиме и правно издржана, на господинот Димитриев му испративме допис со кој му укажуваме за сторената „техничка“, укажувајќи му дека за истата цел треба да го цитира член 38 од Законот за вработени во јавниот сектор“, пишува Александар Кирацовски, Дополнителен заменик на министерот во МИОА.

Во прилог дописот кој на техничкиот премиер му е доставен на 05.04.2016 година од Дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, М-р Александар Кирацовски.

Писмо до премиерот

.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!