Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ; Васил Пишев на денешната прес-конференција уште еднаш го прозва градоналчалникот на Струмица, Зоран Заев дека се „крие и молчи, зошто е фатен на дело и нема ниту еден аргумент“, за наводите за незаконска легализација на хотелскиот комплекс „Цареви кули“ и за општинските тендери што ги добивал сопственикот на фирмата „Чам чифлик“ ГОЛД ДООЕЛ, Струмица. Пишев вели дека поголем скандал се десетиците тендери кои ги добил Коце Ристовски.
– Зоран Заев незаконски легализирал објект на Цареви кули. Да биде скандалот поголем, овој објект, барем формално е сопствеост на неговиот долгогодишен пијател Коце Ристевски. Ај што Коце е почестен со незаконска легализација, туку за потврда на другарството, Заев го претворил Коце во верен тендер пајташ, рече Пишев.
Според него повеќе милиони денари од Општината, но и од општинските претпријатија легнале на сметките на Ристовски.
– Заев директно преку општината, но и преку општинските претприијатија му делел тендери за изградба на споменици, одржување цвеќарници, изведба на тротоари, поплочувања, чистење банкини, уредување раскрсници, користење вилушкари и што ли уште не. „Чам чифлик“ ГОЛД ДООЕЛ, Струмица очегледно не се занимава само со угостителска дејност на Цареви кули туку е фирма за се, а најмногу за испумпување на буџетски пари во приватни џебови, додаде Пишев.
Тој тврди дека фирмата на Ристовски добила над 840 илјади евра пари за добиените тендери. Праша дали Ристовски е само формален сопственик на фирмата, и дали парите се префрлале на други фирми.