Пишев: Факт е дека касарната е дадена на управување на Општина Струмица

Од:

Факт е дека касарната е дадена на управување на општина Струмица, за тоа доказ се десетиците згради кои се градат во просторот на касарната, истакна на денешната прес конференција, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев.

Пишев ја оцени вчерашната реакција од локалната власт, како обид на општинскиот секретар да го „вади Заев од нереализираните ветувања со нови невстини“. Покажа документи кои според него го тврдат спротивното.

– Факт е дека Деталниот урбанистички план за просторот на поранешната касарна го донела локалната администрација во 2010 година, за што сведочи документот на кој се наоѓа потписот лично на Заев. Ова се документи дека целокупната постапка за носење на ДУП на просторот на поранешната касарна во Струмица, од Планска програма, преку Нацрт ДУП до јавна расправа се водени од Општина Струмица, со потпис на Зоран Заев. Потоа овој ДУП бил изгласан од мнозинството на СДСМ во Советот на општина Струмица. Никој, ама баш никој не може да и наметна ДУП на било која општина, рече Пишев.

Според него, Заев уште од 2010 знаел што може, а што не може да гради, но тој, како што рече Пишев, не сака да го реализира даденото ветување.

– Факт е дека и сега има на располагање слободна парцела од 8.700 квадратни метри да гради, ама тој се уште не сака да го реализира даденото ветување. Дали и оваа парцела ја чува за да направи добар бизнис. Видовме дека кога аболицираниот криминалец Зоран Заев нешто ветува, тогаш и лаже. Се што ветува и сега пред избори се само големи лаги, рече Пишев.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски